Вработените во МВР ќе добијат награда од 15.000 денари?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот официјален Фејсбук профил посочува денеска потпишал и до Владата ќе достави уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој вработен во МВР.

„Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот“, пишува Чулев.

Тој додава дека нема никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекува Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба.