Вооружени лица нападнаа болница во Кабул

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од болницата во западен Кабул, која е управувана од Лекари без граници, се слушнале неколку експлозии и огнено оружје, јавуваат локалните медиуми..

Тие посочуваат дека медицинскиот персонал е заглавен во болницата.

Болницата се наоѓа во областа Даште-е-Барчи во главниот град на Авганистан.

На местото на настанот пристигнала специјална полициска единица, соопшти Авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Некои репортери тврдат дека најмалку една од пријавените експлозии се случила откако бомбаш-самоубиец влегол во просториите на болницата, при што го започнал нападот.

Според извори на Ројтерс во Министерството за внатрешни работи, нападот се случил кога болницата требало да ја посети заменик-министер за здравство.

Ниту идентитетот на вооружените лица, ниту извештајот за жртви не е достапен. Но, сведоците велат дека најмалку тројца повредени цивили, вклучувајќи и жена, биле евакуирани од местото на настанот.

Напаѓачите, наводно, се обиделе да влезат во куќа за гости во болничкото соединение каде престојуваат странски персонал.