ИЗБОРИ

Во среда се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид – протоколите подготвени и се по сите светски стандарди

НАШ ПРЕДЛОГ

Учениците најверојатно ќе останат дома – онлајн настава и по први септември?

Онлајн наставата наиде на бројни пречки. Бараше помош од професори по информатика, но за електронски да се...

Се предлага враќање на тестот ПЦР на границите, мерката се бара за државјаните на Косово, Србија, БИХ и Црна Гора

Комисијата за заразни болести и предложила на Владата за неколку држави од регионот да се врати мерката...

Здравствените власти во Србија контра Вучиќ: Рестриктивни мерки ќе има, но не полициски час!?

Александар Вучиќ, претседателот на Србија најави дека според она што го дознал од здраствените власти дека ќе...
- Промо -

Од среда се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид. Посебните протоколи предвидуваат патниците да дојдат три часа пред летот, поради проверките и заштитните мерки. За сега во авионите нема да има ограничување на местата за седење, а патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот. Кабините на авионите, потенцира се опремени со специјални филтри кои ги уништуваат скоро сите вирусите и бактерии.

„Протоколот имавме шанса да го видиме, навистина е направен по сите светски целосно почитувајќи ги принципите за зазазување на дистанца, задолжително носење маска, на неколку места низ зградата се поставени средства за дезинфекција на рацете. Ќе може во зградата да влегуваат само патниците, што значајно се намалува ризикотод гужва, што сметам дека е еден одлучен модел“, посочи Венко Филипче.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, очекува од први јули да продолжат летовите што беа стопирани во март поради КОИВИД-19.

- Реклама -

„Имавме разговор со „Виз ер“. Од 1 јули продолжуваат да летаат и да ги исполнуваат сите обврски од договорот. За нас како влада авиосообраќајот е исклучително битен. Пред кризата на македонските аеродроми од година на година се рушеа рекорди на патници, што е важно и за економијата и за туризмот. Се надевам  дека во натамошниот период и покрај кризата прво ќе се вратиме во нормала, а потоа ќе имаме раст“, истакна Горан Сугаревски.

Министерот Филипче информира и дека денеска ќе разговара со грчкиот колега во врска со отворањето на граничниот премин Евзони, а за влез на нашите граѓани во земјите-членки на ЕУ, веќе разговарал со претставници на Советот за здравство на Европската комисија и повторно има закажано состаноци за утре и за четврток.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се предлага враќање на тестот ПЦР на границите, мерката се бара за државјаните на Косово, Србија, БИХ и Црна Гора

Комисијата за заразни болести и предложила на Владата за неколку држави од регионот да се врати мерката за ПЦР тест при влез...

Здравствените власти во Србија контра Вучиќ: Рестриктивни мерки ќе има, но не полициски час!?

Александар Вучиќ, претседателот на Србија најави дека според она што го дознал од здраствените власти дека ќе нема полициски час, иако тој...

Филипче: Се намалува бројот на хоспитализирани со Ковид-19, нема потреба од полициски час

Во изминатите 24 часа се регистрирани околу 130 нови заболени со коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, потенцирајќи дека се...

Нови 163 случаи на коронавирус, осум починати, оздравени 230 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во:...