Во сила неколку забрани за камиони и автобуси на неколку патни правци низ Македонија

Од АМСМ соопштуваат дека има забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци меѓу кои се Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража и Кичево – Охрид преку Пресека. Исто така има забрана за автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

„Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека.

Забрана за сообраќај за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка“, соопштуваат од АМСМ.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!