Во поплавите и невремето на грчкиот остров Евија загинаа две лица

НАШ ПРЕДЛОГ

Родилка и нејзиното бебе починале на гинекологија

Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“,...

Обид за убиство!? На Доналд Трамп му пратиле пакет кој содржел отров

На претседателот Доналд Трамп му бил испратен пакет кој содржел отров рицин, пренесува Си-Ен-Ен.

Голем шумски пожар на планината Стогово на непристапен терен

Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, пренесува Сител....
-Реклама-

Во силното невреме со обилен дожд што го зафати грчкиот остров Евија и предизвика поплави, во два одвоени случаи загинаа две лица на 85 и 86 годишна возраст, откако биле заглавени и не успеале да ги напуштат поплавените домови, јави допсничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба на Грција примила над 150 повици за помош, а на островот итно заминува заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас.

- Реклама -

Градоначалникот на општината погодена од поплавите за грчката новинска агенција АНА-МПА ја потврдува информацијата за двајцата загинати, објаснува дека спасувачките служби трагаат по уште едно лице и изразува надеж дека нема да има и трета жртва.

Од Противпожарата служба на Грција соопштуваат дека интервеираат 72 пожарникари, пешадиски тим со специјална опрема, 26 возила, три чамци за спасување, а мобилизирани се и спасувачи со еден хеликоптер.

- Реклама -

Според грчките медиуми, обилниот дожд предизвикал поплави, улиците биле претворени во реки, а голем број граѓани биле заглавени во нивните автомобли, но и во поплавените домови.