Во НБА го има и тоа: Ги победи Лејкерси, па доби отказ

Само еден час откако успеаја да го победат тимот на Лос Анџелес Лејкерс, Минесота Тимбервулвс остана без тренер откако Том Тибодо доби отказ. Минесота го добија натпреварот убедливо со 108:86, но образложението е дека резултатите во првиот дел од сезоната биле незадоволителни.

Интересно е тоа што Минесота имаше две победи по ред. Екипата ќе ја предводи сегашниот помошник Рајан Сондерс.

Тибодо седна на клупата на Минесота во 2016 година, и со него на клупата оствари скор од 97 победи и 107 порази.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!