Во Јапонија, 20 мртви и 14 исчезнати по поплави и лизгање на земјиште

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

20 луѓе загинаа, а 14 се водат како исчезнати во поплавите и лизгањето на земјиштето, што предизвика рекордни поројни дождови во југозападна Јапонија, објавија локалните медиуми.

Се стравува дека 14 исчезнати лица се исто така мртви ден откако поплавата го погоди руралното подрачје Кумамото, јави телевизијата НХК, повикувајќи се на локалните власти.

Околу 50 луѓе се спасени од поплавен дом за сестри во селото Кума, на околу 950 километри југоисточно од Токио.

Властите во Кумамото наредија евакуација на околу 200 000 жители, бидејќи обилните дождови, лизгање на земјиштето и поплавите продолжуваат да се закануваат.

Јапонската метеоролошка служба очекува дожд да зафати големи области од источна и западна Јапонија до вторник.