Во Исланд се одржува „Ден без телефони“

Паметните телефони се дел од нашето секојдневие. Станавме зависни од нив, па дури и на приватни места не одиме без нашиот телефон.

Организацијата „Save the Children”, по втор пат ќе организира „Ден без телефони“.

Претставниците од оваа организација пред медиумите истакнале дека очекуваат во оваа акција да се соберат многу граѓани, со цел да го минат времето со своите најблиски, без својата „зависност“ од паметните телефони.

Сите кои сакаат да учествуваат во овој ден, треба да не ги употребуваат телефоните од 9 до 21 часот.

„Многумина од родителите ни соопштија дека по првиот ваков организиран ден, децата изразиле желба повторно за таков ден во кој родителите целосно ќе им бидат посветени, а тие меѓусебно со другите деца ќе се забавуваат и дружат. Не смееме да дозволиме нашите телефони да ни пречат во нашето дружење и во времето минато со нашите семејства“, истакна Ерна Рејнисдотир, менаџерката на „Save the Children” во Исланд.

 

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!