Во голема борба и драма, Македонија и Исланд одиграа нерешено

Фото: Спортмедиа

Три дена по победата на македонската ракометна репрезентација во Рејкјавик, вечерва во Скопје во салата „Борис Трајковски“, Македонија и Исланд одиграа нерешено 24:24. Нашата репрезентација може да жали затоа што во последната минута имаше гол предност и напад за +2, меѓутоа Исланѓаните се одбранија, а потоа и постигнаа гол за „реми“.

Речиси во текот на целиот меч имаше драма. Прво Исланд водеше, па Македонија, и така се до крај селекциите се менуваа во водството. Македонија во финишот имаше предност од два, и во миговите кога требаше да ја материјализира за три, се случуваа грешки.

Исто така и на крајот момците на Данило Брестовац испуштија да имаат два разлика, и мирно да го донесат кон крај овој меч.

Сега нашата селекција има пет бода од четири натпревари, пред завршните пресметки со Турција на гости и со Грција на домашен терен.