Во Франција бројот на жртви од Ковид-19 поголем од 100 за првпат после 13 дена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Франција денеска се зголеми за повеќе од 100 за првпат после 13 дена, во момент кога земјата ги олеснува рестриктивните мерки воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти француското Министерство за здравство.

Бројот на починати се зголеми за 107, или 0,4 проценти, на вкупно 28.940, со што Франција е на петто место по број на смртни случаи во светот.

Во исто време, според Министерството за здравство, бројот на пациенти во болниците се намали на 14.028 од 14.228, колку што беше вчера.

Бројот на пациенти во единиците за интензивна нега исто така се намали на 1.253 од вчерашните 1.302.

Во болниците се регистрирани 84 нови случаи на коронавирус, додека се уште нема податоци за домовите за стари лица за последните три дена, со што вкупниот број на заразени со коронавирус се зголеми на 189.304.