Во Демир Хисар еден пријавен и тој не гласал, во Чаир за гласање се пријавиле само 22 лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска во Македонија се одржа првото гласање за предвремените парламентарни избори од страна на лица кои се заболени од коронавирус и кои се наоѓаат во самоизолација.

Пријавени биле 759 лица за гласање, но своето право на глас го искористиле 95% од лицата, односно 723.

Најмногу пријавени има во Ресен каде биле пријавени 61 лице, додека пак гласале 59.

Во Демир Хисар само едно лице било пријавено за гласање, но и тоа не гласало.

Во Општина Чаир пак, за гласање се пријавиле само 22 лица, а според последните информации од Министерството за здравство во оваа населба во моментов има 302 активни случаи.

Во продолжение целосната табела: