Во Албанија излекувани двајца пациенти заразени со коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Албанија излекувани се двајца пациенти заразени со корона вирус, објави доцна синоќа на Фејсбук министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу.

„ Добра вест. Првите двајца пациенти заразени со коронавирус треба да ја напуштат Инфективната клиника по потврден тест што заврши пред неколку минути. Двајца пациенти, беа негативни и во вториот тест по третманот. Браво за екипата на Инфективната клиника. Но,бидете внимателни,зашто бројот на заразените се зголемува. Во клиниката четворица пациенти се на интензивна терапија. Ве молам седете дома, напиша министерката.

Во врска со ова реагираше премиерот Еди Рама искажувајќи признание за лекарите од Инфективната клиника нарекувајќи ги херои.

Преку објава на Фејсбук реагираше и шефот на државата Илир Мета оценувајќи ја како многу добра вест за која имале потреба сите.

„ Добра вест вечерва за која имавме потреба сите. Благодарност и едно големо БРАВО за сите одлични лекари! Заедно за да го одбраниме здравјето на секој граѓанин, напиша Мета.

Првите два случаи со коронавирус во Албанија беа потврдени на 9 март а тој број до сега се зголеми на 70 лица, од кои двајца се починати.