ВМРО и УБК го организираа 27 април, Иванов требало да прогласи воена состојба

Нападот во Собрание на 27 април го организирало ВМРО-ДПМНЕ заедно со УБК. Вака денеска сведочеше пред судот обвинетиот Александар Василевски – Нинџа. Според него, паравоениот штаб на ВМРО-ДПМНЕ бил поставен кај хотелот Мериот, од каде Билјана Бошковска и Кирил Божиновски известувале и давале директиви на Трајко Вељаноски и Миле Јанакиески. Целта била претседателот Иванов да прогласи воена состојба, но планот му пропаднал поради силниот меѓународен притисок.

ВМРО и УБК го организираа 27 април, Иванов требало да прогласи воена состојба

Нападот во Собрание на 27 април го водеше паравоениот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со УБК. Ова е сведочењето од судењето на 27 април, дадено од обвинетиот Александар Василевски – Нинџа кој и натаму ја засилува идејата дека крвавите настани од минатата година се оркестрирани и извршени од ВМРО и УБК. Според Нинџа, кој што денеска беше главен сведок на судењето, тој бил ангажиран да ги координира работите, на наредба од екс агентот Горан Грујовски. Меѓутоа, Нинџа служел и за соработникот на Грујовски, Никола Бошковски.  Според Нинџа, паравоениот штаб на ВМРО-ДПМНЕ бил поставен кај хотел Мериот, од каде Билјана Бошковска и Кирил Божиновски известувале и им давале директиви на Трајко Вељаноски и Миле Јанакиески. Спиро Ристовски му давал насоки на Богдан Илиевски, а екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, комуницирал со Митко Пешов. Билјана Бошковска му дала наредба на Трајко Вељаноски да ги отвори вратите од Собранието, откако пратениците на ВМРО не успеале да го предизвикаат првиот инцидент.

„Наредбите се даваа од осмиот кат на хотел „Мериот“ каде беа Митко Чавков, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Спиро Ристовски и Билјана Бришковска. Таа рече дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не ја извршиле нивната задача да предизвикаат инцидент, да предизвикаат тепачка меѓу пратениците, па затоа му била дадена наредба на Вељановски да ги отвори вратите на Собранието“, вели Нинџа.

Александар Василевски продолжил да објаснува како пропаднал планот за прогласување на вонредна состојба, поради меѓународниот притисок врз Ѓорге Иванов.

„Кај штабот, на осмиот кат, беше и шефот на Кабинетот на Иванов, Борис Јосифовски, во очекување на објавување на воена состојба. Во паркот спроти Собранието беше Горан Грујовски, кој рече дека внатре има луѓе од военото разузнавање на готовс за да стават состојбата под контрола, кога ќе биде објавена воената состојба. Но, во меѓувреме некој се јави на телефон и рече „некој друг ја презел ситуацијата под контрола и дека тоа е добар знак“. Потоа, тој доби уште еден повик и му рекле „нема да има воена состојба, поради притисок од меѓународниот фактор врз Претседателот“, изјави Нинџа.

Меѓутоа, агентите на УБК требало да ги земат и уништат снимките од безбедносните камери. Откако ги земале хард дисковите, отишле во една тајна просторија на УБК и таму ги уништиле.

„Дисковите беа црни. Никола Бошковски ги зема, ги стави  на преса и почна да ги уништува.  Делчињата потоа ги фрли во Вардар. Бошковски ми рече дека обвинетиот Сашо Марковски ги украл снимките и дека сега никој нема да може да се види на безбедносните камери. Вака функционираше Петтата управа“, Александар Василевски – Нинџа.

Нинџа раскажа и за неговото неколку месечно бегство. Тој рече дека не се предал порано, поради заканите од Горан Грујовски кој знаел дека тој е врската. Но, на крајот тој одлучил да се предаде во полиција. Нинџа објасни и за организирањето на протестите на иницијативата “За Заедничка Македонија“ појаснувајќи дека на чело на протестите биле поставени за водачи Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски само провизорно, бидејќи вистинските организатори биле од ВМРО-ДПМНЕ.

РЕПОРТЕР: АДНАН ЌАИЛИ

Кој министер ви остави најдобар впечаток во 2018 година?

View Results

Loading ... Loading ...