ВМРО-ДПМНЕ: Најважната антикризна мерка на Владата е Венко Филипче да си поднесе оставка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ по најновата рекордна бројка на новозаразени од коронавирус, уште еднаш побара од Венко Филипче да си поднесе оставка. Тие сметаат дека тоа би било најдобрата антикризна мерка што Владата може да ја донесе.

„Најважната антикризна мерка што може Владата да ја донесе е Венко
Филипче да си даде оставка. На Венко Филипче бројката од 535 новозаболени не му алармира дека треба да си поднесе оставка.

За Филипче ова не е ништо, вели секаде и во регионот и пошироко било исто. Филипче заборави дека сите како во регионот, така и во Европа по првиот бран некаде во мај се вратија во функција градинки, училишта, а кај нас се доцнеше.

Како да се чекаше есенскиот бран за да почнат да работат градинки, училишта. За Филипче и по оваа драконска бројка сепак му е рано за мерки, освен постоечките, следната недела ќе се разговарало за законски измени за маска на отворено и слично.

Знае ли Филипче што може да се случи за една недела ако секој ден има огромно зголемување на бројката на новозаразени во едно деноноќие.

Македонија прва во регионот по заболени и мртви. Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица. Филипче, оставка веднаш!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.