Власта инсистира да се усвојат закони – опозицијата бара Собранието да се распушти денеска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иако веќе јавноста знае дека Собранието ќе го чека последниот рок за распуштање, кој е на 16 февруари, опозицијата повторно побара тоа да се случи денеска. Според тоа што го изјави координаторот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пролонгирањето на распуштањето на Собранието е обид на власта за одложување на изборите и да ги услови пратениците за усвојување на законите.

На Мицевски му одговори мнозинството. Пратеничката на СДСМ, Снежана Ванчева рече дека опозицијата барајќи да се распушти Собранието денеска се обидува да и избега на реалноста за усвојување на Законот за ЈО.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби рече дека со одложување ба распуштањето на Собранието нема да се одложат изборите, туку дека ќе се одржат на 12 април. За усвојување чекаат Законот за ЈО, за игри на среќа, за измена на границите на изборните единици, за ветинг и за минерали. За сите нив, Груби рече дека се одржуваат координации меѓу партиите денеска а вети дека ќе се усвојат до распуштање на Собранието.

Собранието беше речено дека ќе се распушти денеска, но собранискиот спикер Талат Џафери поради отворање на јавна дебата и немање време за усвојување на законите, побарал мислење од ДИК. Во одговорот се вели дека Собранеито може да се распушти 57 дена пред одржување на изборите така што ДИК ќе има 55 дена за подготовка. Со ова, Џафери рече дека Собранието може да се распушти на 16 февруари, а изборите ќе се одржат на 12 април.