Кина, технолошка, веле сила, ги измислува технолошки направи, но и ги стави во функција постоечките технолошки достигнувања во секојдневната борба со ширењето на коронаврусот.
Дроновите пребаруваат низ гужвите
Дронови, самоуправувачки возила, термални камери, апликации, технологија со препознавање на лице… Се ова е во функција во Кина и се обидуваат да го запрат ширењето на смртоносниот КОВИД 19 вирус.
Кинеското министерство за образование и технологија ги повика сите компании да се вклучат во акцијата за спречување на вирусот. По овој повик, компаниите веднаш се вклучија па во јавноста се појави и видео на кое се гледаше како дрон носи порака „носете маски“ и истото стана вирално по социјалните медиуми.
Се изработува во моментов и апликација која ќе работи со помош на дрон и ќе ги детектира луѓето кои не носат заштитни маски. Исто така веќе е лансиран и дрон кој во реално време мерни температура кај жителите. Со ова се спречува човекот кој има покачена телесна температура и можни симптоми на коронавирус да не дојде во контакт со друго лице.
Во Кина во функција моментално се 100 дронови кои пак ги контролираат 200 луѓе. Сите информации во реално време се пренесуваат во еден центар, а потоа се спроведуваат и дополнителни мерки од властите.
Малите робот-возила се користат пак за доставување на храна на домашна адреса со цел заболениот или личноста со можни симптоми на грипот да не дојде во контакт со друго лице.