Владата одлучи скопскиот аеродром да се вика „Meѓународен аеродром Скопје“, автопатот „Александар Македонски“ преименуван во Пријателство

ТВ21 од извори во Владата дознава дека e на последната седница е донесена одлука скопскиот аеродром да се вика „Meѓународен аеродром Скопје“, наместо Александар Велики.

Автопатот од Коридорот 10 познат како „Александар Македонски“ се преименува на Автопат Пријателствo.

Ова е дел од решението кое премиерот Зоран Заев го понуди пред својот грчки колега Алексис Ципрас, како почеток на помирувањето на двете земји и отпочнување на решавање на речиси тридеценискиот спор за името.

Заев ова го предложи пред Самитот во Давос, кон крајот на минатиот месец.

Заев денеска ја потврди информација на пред коференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Фуркан Салиу

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here