Владата го демантира МВР – „Опожарениот автомобил не е на Владата“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата на Република Северна Македонија, вечерва испрати демант за информацијата објавена попладнево дека било опожарено возило во сопственост на Владата.

Информацијта до сите медиуми, беше испратена од страна на Министерството за внатрешни работи, во која се наведува дека „Утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија“.

Билтен испратен од страна на Министерството за внатрешни работи до медумите денеска во 16:05
https://mk.tv21.tv/opozhareno-vozilo-vo-sopstvenost-na-vladata/

Во демантот испратен од страна на Владата се вели дека според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија.