Влада без Албанци? Ако те исклучуваат од системот, мораш да направиш паралелен систем, вели Села

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ако те исклучуваат од системот мора да направиш паралелен, но никогаш не сум бил против идејата за премиер Албанец, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во „Изборни дебати“ на ТВ21.

„Јас никогаш не сум бил против идејата за премиер Албанец, јас му реков на Али, на реакциите на Али, му реков, господине  18 години по ред бевте избиран за премиер на Албанците,  бидејќи кога Албанците ќе дадат легитимитет, те избрале за премиер. Утре кога ќе не гласаат нас, тоа значи дека не избрале за премиер, треба да ги браниме, во буџетот, секаде…но во ред…одиме сега на друга тема, зошто јас реагирав на Заев, и на Мицкоски, заедно. Јас ги прашав, ги прашав и им кажав што треба да направиме ние, мислам дека Њутновите закони се уште важат, не се појавила друга теорија, секоја акција има реакција. Сите закони помалку или повеќе во својата основа го имаат тоа. Јас ги прашав, со оглед дека  вие ветувате дека ќе направите македонска влада, дали сте свесни дека со тоа ги отстранувате Албанците од системот? Второ – Кога ти исклучуваш некого од системот, има ли тој право да го бојкотира системот? Нормално, бидејќи е отстранет. На сите начини, да не плаќа данок, итн. Кога другиот го бојкотира системот, има ли  право да направи паралелен систем?“, изјави Зијадин Села.

Вели дека доколку се направи Влада само со Македонци, тогаш ќе се формира и Влада со Албанци.

Qeveri pa shqiptarë? #Sela: Po u përjashtove nga sistemi detyrohesh të bësh sistem paralel

Qeveri pa shqiptarë? #Sela: Po u përjashtove nga sistemi detyrohesh të bësh sistem paralelВлада без Албанци? Ако те исклучуваат од системот, мораш да направиш паралелен систем, вели Села

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 9. Juli 2020

„Бидејќи масата не може да остане без “глава“, тоа е уште полошо од секој друг систем, и треба, мораш да направиш паралелен систем,  затоа им реков, ставете си прст на глава, ако вие направите влада само со Македонци, и ние ќе направиме влада со Албанци бидејќи не ги оставаме Албанците без “глава“ во целосна анархија да се јадат еден со друг. Ова беше мојот одговор, ова беше мојата реакција, последица на акцијата за тоа што тие сакаа да си го направиме еден на друг. Тоа е игра на ниска политика, исто како кога Груевски стана непријател со Али. Кога со нивниот национализам едниот бараше гласови кај Македонците а другиот кај Албанците. Истото го прават и Зоран Заев и Мицкоски. Тие двајцата гледаат дека им бега омилениот партнер што го имаат, и се трудат да му го егото со идејата за премиер“, додава Села.

Целосната изборна дебата со Села, вечерва од 21.15 на ТВ21.