Вицепремиерката Царовска, министерот Манчевски и градоначалникот Ганиу во самоизолација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу се во самоизолација, откако биле во контакт со заразен со Ковид-19.

Манчевски и Царовска биле во контакт со потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири кој вчера објави дека е позитивен на коронавирусот, заедно со неговата сопруга и со ќерката.

Царовска потенцираше дека вчера направила тест, и тој е негативен, но ќе остане во самоизолација.

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, пак, објасни дека ќе биде во изолација поради тоа што бил во контакт со заразен, не наведувајќи за кого станува збор.