Висока стапка на насилство меѓу учениците – „На училиште носат ножеви, за време на онлајн наставата имаат сајбер напади“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од носење ножеви и оружје, па сѐ до навредување и понижување. Ова се формите на насилство со кои се соочуваат учениците во училиштата. Насилството е присутно насекаде, независно дали училиштата се рурални или урбани, едноетнички или мултиетнички. Ова, според тврдењата од Првата детска амбасада „Меѓаши“ се случува поради тоа што училиштата стануваат се поризични места за учениците.

Има ситуации кога поради насилството учениците не сакаат да одат на училишта.

Но, насилството не запре ниту за време на онлајн наставата. Од физичко насилство премина во сајбер напад.

Истражувањето на „Меѓаши“ е спроведено во ноември 2019 година и има опфатено 400 анкетирани, но поради пандемијата е објавено дури сега. Пријавени се 22 видови насилство, а најизразените, односно 88% од случаите се поврзани со навреди и понижувања. Според наодите, состојбата може да се подобри само ако училиштата станат побезбедни места и ако учениците се едуцираат дека треба да го прифатат и почитуваат својот соученик.