Викендов полициски час од 19 часот – можно е олеснување на дел од рестриктивните мерки?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полицискиот час викендов ќе почнува од 19 часот и ќе трае до 5 изутрина. Ова го предложи комисијата за заразни болести, а на попладневната седница, владата го усвои предлогот. За олеснување на мерките што треба да се случи следната недела, министерот за здравство, Венко Филипче рече дека утре ќе се анализира состојбата со нови случаи на заразени и потоа ќе се одлучи.

Доколку 33 случаи на заразени вчера се варијација, тогаш утре ќе се предложи постепено отворање на некои институции.

Што се однесува до спортистите и спортовите, Филипче рече дека на почеток ќе се дозволат само индивидуални спортови на за начинот и времето ќе се анализира утре. На прашањето дали може наскоро да се очекува укинување на државниот карантин за државјаните од земјава и да се постават други мерки како тестирање при влез во земјава или за домашна изолација, Филипче рече дека и натаму останува истата мерка, односно државен карантин од 14 дена.