ВИДЕО: Се исполни новогодишната желба на Ајан, сега е излекуван – ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравството, Венко Филипче сподели дека малиот Ајан имал само една желба за новогодишните празници, а тоа е да се излекува и да излезе од Клиниката за детски болести.

„Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан!“, напиша Филипче.

Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на…

Gepostet von Венко Филипче am Sonntag, 2. August 2020