ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Околу зградата во која живее екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, има зголемено просуство на полиција.

Се вршат патроли, се проверува секое возило кое ќе помине во овој дел, јавува репортерот на ТВ21.

Гордана Јанкулоска треба да оди во затвор за случајот „Тенк“, а Врховен суд вчера ја потврди одлуката на Апелација.

Јанкулоска, пак, преку „Фејсбук“ порача дека за толку полиција нема потреба, и дека таа е дома со семејството и нема намера да бега.