ВИДЕО: Огромна дупка во двор на куќа во Куманово – семејството Азировиќ во шок

Чудна дупка се појави во дворот на семејството Азировиќ од Куманово. По површина изгледа мала, но од внатре се шири од двете страни. Семејството Азировиќ живее во Германија, а сега се дојдени на одмор. Во петокот додека домаќинката го чистела дворот, забележала нешто чудно. Таа вели дека дупката се отворила одеднаш.

Домаќинот исто така изненаден и исплашен и не знае што да прави. Дупката е на само 4 метри од куќата, тој стравува да не пропадне целата куќа, за која вели дека работел 20 години во Германија. Во опасност е и куќата на соседот која се наоѓа во близина на дупката.

Под ридот каде се наоѓа куќата на семејството Азировиќ има четири тунели. Селвер вели дека оваа дупка можеби е дел од тунелот. Центарот за менаџирање со кризи излезе на терен и констатира дека станува збор за скривница или воено депо, што служеле за криење во времето на бивша Југославија. Првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски вели дека ваквите објекти се запоставени и дека за нив не водат грижа надлежните институции.

Детали во врска со оваа дупка ќе бидат изнесени по утрешната седница на Советот на општина Куманово. Иако дупката се наоѓа на приватен имот, нејзината основа се наоѓа на државен имот, и поради тоа, Димитриевски рече дека општината ќе помогне во нејзиното санирање.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ