Видео од македонскиот фудбал кое го обиколи Светот: Играч со топка во рака спречи акција на противникот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вчера се одигра 20. коло од Првата лига во кое Македонија стана популарна поради еден момент. На натпреварот на стадионот во Ѓорче Петров меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев.

Стефан Костов, играчот на Академија Пандев со топка во рака трчаше кон противничкиот фудбалер, и со втората топка му ја изби топката на противникот. За овој потег доби црвен картон од судијата.

Инаку судијата Благојче Ралевски кој го додели црвениот картон, само што влезе на теренот. Тој беше четврти судија, но мораше да влезе, поради повреда на првиот арбитар Марјан Маркоски.

На крајот од мечот во судиското надополнување Македонија ЃП стигна до победата со гол од пенал на Блажевски, кој беше досуден токму по сугестија на четвртиот арбитар. Навистина неверојатни сцени.

https://www.youtube.com/watch?v=SdBcENLFxko&feature=emb_logo