ВИДЕО: Нова снимка од Никола Груевски – снимен во трговски центар во Будимпешта

Нова снимка од поранешниот премиер Никола Груевски, а сега азилант објави унгарскиот портал 444.hu

Порталот објави дека поранешниот премиер осуден за корупција „мирно се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.

Груевски побегна во Будимпешта во ноември минатата година, и го избегна одржувањето на затворската казна од две години колку што беше осуден во случајот „Тенк“.