ВИДЕО: Жестока расправа меѓу Јанко Бачев и членови на ДИК

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тензична атмосфера во Државната изборна комисија за време на седницата на која се одлучување по поднесените приговори од партиите за предвремените парламентарни избори.

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев образложувајќи ги своите приговори му порача на претседателот на ДИК, Оливер Дерковски да не се сили во комисијата, по што тој му одговори дека се сили таму каде што треба.

Партијата Единствена Македонија бараше увид во изборниот материјал со цел пребројување на гласачките ливчиња.