ВИДЕО: Барак Обама облечен како Дедо Мраз ги изненади децата во болницата во Вашингтон

Поранешниот американски претседател Барак Обама, како Дедо Мраз, им делеше подароци на болните деца во болница во Вашингтон.

Посетата беше изненадувачка за децата, кои се лекуваат во детската национална педијатриска клиника.

Обама делеше подароци и се смееше со нив, а децата беа многу возбудени.

„Само сакам да им се заблагодарам на сите, имав можност да разговарам со неверојатни деца и нивните семејства”, рече Обама во видеото објавено на твитер.

Тој им честиташе на лекарите и медицинските сестри, кои се грижат за децата во болницата.