Ветувања за застапеност во приватниот сектор – Висар Адеми: Најнепромислени изјави што сум ги слушнал досега

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поголема, фер и соодветна застапеност на Албанците, освен во јавниот сектор, партиите ветуваат и во приватниот сектор. Некои партии ова го ветуваат преку носење закони, а некои преку субвенционирање на приватните претпријатија. Но, како можат партиите да влијаат врз вработување во приватен сектор на етничка основа? Дали овие ветувања можат да се спроведат во пракса? Во однос на ова прашање побаравме став од економистот Висар Адеми. Како што вели, не може една приватна компанија да биде принудена да вработи Албанци, бидејќи со тоа би се намалиле странските инвестиции. Како што додава, партиите не успеале да овозможат соодветна застапеност во државните институции каде имале власт, а уште помалку тоа ќе можат да го направат во приватните компании.

„Политичките партии кои ги избравме за да ги застапуваат Албанците рамноправно и пропорционално, не го направија тоа во државните  институции, а сега тоа ќе го наметнале во приватниот сектор. Ова е апсурдна и најнепромислена изјава што сум ја слушнал досега“, истакна Висар Адеми.

Дали ова значи дека воопшто не треба да очекуваме рамноправна застапеност и во приватниот сектор? Адеми вели дека ова може да се направи исклучиво преку финансиски пакети за приватниот сектор за стимулирање на нови работи места, со што застапеноста ќе дојде автоматски меѓу заедниците во приватниот сектор.

„Јас мислам дека ова може да се направи само ако приватните компании добијат финансиски пакети за стимулирање на работодавецот за отворање нови работни места. Потоа, онаму каде што има повеќе работни места ќе биде приватниот сектор, ќе се прави селекција и избор на вистинскиот, кадарниот и соодветниот работник за тоа работно место. Тоа не може да се прави врз етничка основа на кандидатот, туку само согласно нивните квалификации, надлежности и способности за аплицирање за одредени работни места“, посочи Адеми.

ДПА вели дека ова ќе го направи преку закон кој ќе ги обврзе приватните претпријатијата и странските инвестиции во нивните фабрики и компании да има пропорционалност на население. ДУИ преку субвенционирање на 50% од придонесите за секој нов вработен ќе ја подобри етничката застапеност во приватниот сектор. Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива пак, преку закон предвидува даночни олеснувања за работодавецот кој носи и спроведува стратегии за постепено достигнување на фер и соодветна застапеност.