Веб-страницата „купувам домашно“ неактивна, граѓаните и натаму не можат да ги подигнат ваучерите

НАШ ПРЕДЛОГ

Гордана Јанкуловска веќе спроведена во КПУ – Идризово

Гордана Јанкуловска, како осудена со четири години затвор во случајот „Тенк”, веќе е спроведена во КПУ-Идризово.

Во Кичево само едно основно училиште со дозвола за настава со физичко присуство до деветто одделение

Секторот за образование на општина Кичево соопшти дека од страна на надлежната Комисија само едно општинско основно...

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од...
-Реклама-

Вчера требаше да се објават податоците, но веб-страницата – www.kupuvamdomasno.gov.mk и денеска вон функција. Поради тоа, граѓаните, учениците и студентите сѐ уште не знаат каде и како треба да ги подигнат 3 илјади денари со кои ќе можат да купат домашни производи. За овие платежни картички се чини дека најголема потреба имаат младите.

-Мислам дека треба барем да знаеме дали сме добитници на ваучерот од 3 илјади денари. Секако дека многу ќе ни помогне во оваа вонредна состојба, бидејќи има родители кои не работат, кои го изгубија работното место. Овие 3 илјади денари мислам дека би биле помош за секое семејство-вели граѓанка.

- Реклама -

Платежни картички треба да добијат и учениците над 16-годишна возраст, како и студентите не постари од 29 години. На оваа веб-страница студентите кои немаат своја жиро-сметка, можат да го напишат нивниот матичен број и да видат во која банка и кога можат да ја подигнат картичката, објаснува претседателот на Студентскиот парламент, Борјан Ефтимов.

Владата без конкретен датум кога граѓаните ќе можат да ги подигнат картичките, и додаваат дека веб-страницата ќе биде ставена во функција наскоро.

- Реклама -

-Корисниците ќе ја добијат домашната платежна картичка на домашна адреса или ќе можат да ја подигнат од банката издавач, без да аплицираат. Наскоро, на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач. Корисниците ќе бидат исконтактирани од банките”, соопштија од Владата.

Освен картички за домашни производи, студентите ќе можат да добијат и ваучери во вредност од 9 илјади денари. Оваа сума можат да ја добијат и невработените, додека здравствените работници ќе добијат картички со износ од 40% од нето платата. Иако граѓаните сѐ уште не можат да ги искористат ваучерите кои се дел од третиот економски пакет, тие во неколку наврати беа промовирани од функционерите, и од политичките субјекти.

Османи охрабрен од европратениците за старт на преговори оваа година

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ја започна својата прва работна посета откако е на оваа функција, со средби во Европскиот...

Регионалната енергетска соработка во фокусот на посетата на вицепремиерите Битиќи и Николовски и министерот Бектеши на Солун

Вицепремиерите за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо...

Нови ограничувања во Париз и уште 11 француски градови поради епидемијата

Во Париз и 11 други француски градови кои се сметаат за епидемиолошки високоризични, од денеска ќе стапат во сила нови рестриктивни мерки, кои ќе...

Прв ден тест на националната платформа за учење: Пад на системот, учениците не можат да се вклучат

Денеска започна тестирањето на националната платформа за учење, и веднаш уште од првиот ден наиде на проблеми. Најпрво...

МОН: Во тек се тестирања на платформата, се работи на нејзина оптимизација

 После информацијата дека Националната платформа за учење се соочи со проблеми уште во првиот ден од тестирањето, се огласија од Министерството за...