Валверде за Јунајтед: Ништо не е загарантирано

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ги сподели своите очекувања од реванш-дуелот од четвртфиналето на Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед, кој ќе се одржи утре.

– Се надеваме дека ќе се пласираме во полуфиналето, но сме соочени со сериозен противник. Резултатите на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите говорат сами за себе, тие освоија три од четири гостувања. Против Јувентус и ПСЖ тие постигнаа победнички голови во последните минути. Ако им дадете на Британците слободен простор, тогаш ќе бидете казнети брзо. Да, успеавме да славиме како гостин, но ништо не е загарантирано. Не смееме да мислиме дека имаме предност – тоа би било многу глупаво, изјави Ернесто Валверде.

Тој потоа зборуваше за состојбата на Лионел Меси.

– Меси е добро, тој е подготвен да учествува во утрешниот натпревар. Тој се опорави од повредата за неколку дена, иако првично беше во шок, додаде тренерот.