Утре почнува 40. издание на „Браќа Манаки“

НАШ ПРЕДЛОГ

Јусуфи за ТВ21: Не е добро предметите од СЈО да ги преземе јавното обвинителство

„Лично сметам дека воовој правец треба да се размислува за нов закон. Закон кој ќе ги опфати и предметите....

Влошена здравствената состојба на Катица Јанева во „Шутка“ – секојдневно примала терапија

Влошена е здравствената состојба на екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дознава ТВ21, а потврдува нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за...

Почна асфалтирањето на експресниот пат од Штип до Радовиш

Почна поставувањето  асфалт на експресниот пат Штип-Радовиш од винаријата „Имако“ во правец кон селото Долани. Министерот за транспорт и...

Во Битола утре започнува 40. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. Утрово пристигна Едвард Лакман, годинашнит лауреат на Златна камера 300 за животно дело. . Задоволен е што утревечер ќе му биде врачена наградата на фестивалот што ја слави работата на кинематограферите. Тој е љубопитен да ја запознае земјата во која доаѓа, поставува многу прашања за Македонија, го интересира политиката и животот на луѓето. Исто така е заинтересиран за историјата на фестивалот „Браќа Манаки“ и е среќен, како што рече, што е поканет оваа година кога се слави јубилејот.

Лакман е со децении во врвот на американските и светските кинематографери, со неколку филмови оскаровски кандидати, со 2 номинации за Оскар.

Јубилејното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ свечено ќе биде отворено утревечер (сабота, 14 септември) во Центарот за култра. Фестивалот за отворен ќе го прогали претседателот на Р. С. Македонија, Стево Пендаровски, а дел од свеченоста ќе биде и доделувањето на Златната камера 300 за животно дело на големиот светски и американски кинематографер Едвар Лакман.

На годинашниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, композиторот Љупчо Константинов ќе му ја врачи Игор Иванов – Изи, претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија.

На свеченото отворање публиката во Центарот за култура во Битола ќе го види и перформансот чиј режисер е Срѓан Јаниќијевиќ, кој вели дека тој е во контекст на годинешното мото на јубилејното издание Фестивалот.

„Се работи за своевидно синематично доживување во кое и публиката е вклучена како актер, како еден фрејм од „филмот”. Доживување во кое реалноста се претопува во уметност и обратно. Перформансот го работиме со Искра Шукарова и режисерот Јохан Мелин од Шведска“, вели Јаниќијевиќ.

Сценографијата е на Марија Ветероска и Влатко Чачоровски. Костимите на Марија Папуческа. Музиката е remix на Илија Цветковски од тема од “Среќна нова 49-та” на Љупчо Константинов. Во перформансот (покрај публиката) учествуваат студенти на ФМУ (катедра за балетска педагогија) и Стефанија Милев.

По свеченоста на отворањето, во Центарот за култура ќе се одржат две проекции на најновиот филм на Педро Алмодовар „Болка и слава“. На премиерата на филмот ќе присуствува и кинематограферот Хозе Луис Алкаине.

- Реклама -
- Реклама -
- Реклама -

LIVE NEWS

Влошена здравствената состојба на Катица Јанева во „Шутка“ – секојдневно примала терапија

Влошена е здравствената состојба на екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дознава ТВ21, а потврдува нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за...

Меџити во #ClickPlus: ВМРО и СДСМ многу често за да ги сокријат нивните скандали ги напаѓаат албанските партии

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити во вечерашното прво издание од новата сезона на дебатната емисија #ClickPlus на ТВ21 зборуваше за отворањето на постапката од...
video

Јусуфи за ТВ21: Не е добро предметите од СЈО да ги преземе јавното обвинителство

„Лично сметам дека воовој правец треба да се размислува за нов закон. Закон кој ќе ги опфати и предметите. Не е добро решение предметите...
video

ТВ21 ИНТЕРВЈУ со Ирена Фрчкоска – адвокат на Катица Јанева

Интервју со Ирена Фрчкоска - адвокат на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Разговорот го води, Светлана Ункоска. https://youtu.be/SN2Uc4FcHXA
video

Јусуфи за ТВ21: Законот не е усвоен, значи нема кој да работи и кој да ги води предметите во рамките на СЈО

„Усвоениот закон тогаш, предвидуваше мандатот на СЈО да биде 5 години. Во овој случај кога обвинителот кој раководеше со СЈО е разрешен според член...
- Реклама -
- Реклама -
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com