Утре отворање на угостителските објекти со посебен протокол, границите во договор со соседите, можно укинување на полицискиот час?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ


Комисијата за заразни болести и предлага на Владата на РСМ угостителските објекти да можат да почнат со работа во текот на утрешниот ден. Се разбира, ќе биде изготвен посебен протокол, според кој угостителите ќе можат да работат и ќе мора да го почитуваат, како што е например намален капацитет на гости, физичка одалеченост на масите, дезинфекција на објектите и слично.

Комисијата за заразни болести воедно и предлага на Владата отворање и на границите. Нема одреден конкретен датум, туку тоа ќе се прави во договорот со секоја соседна земја посебно. Со оглед на тоа дека Албанија најави дека ќе ги отвори границите кон Македонија на 1 јуни, се очекува истото да го стори и нашата држава. Сепак, за конкретни датуми дополнително ќе се одлучува.

Се очекува владата попладне да одржи седница на која ќе се расправа за овие предлози.

Иако не е официјално, сепак е можно укинување и на полицискиот час со истекот на вонредната состојба.