Утре конститутивна седница во Собрание – партиите молчат, коалициите во очекување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утре напладне ќе се одржи конститутивна седница на новиот парламентарен состав.

Седницата ќе ја води Талат Џафери кој веќе излезе од болница и е во добра здравствена состојба. Седницата ќе се одржи во куполната сала под посебни протоколи за заштита од Ковид-19.

Поканети се раководители како и екс раководители на повисоки државни институции како и претставници на дипломатскиот кор. Собранието ќе се конституира, но формирањето на парламентарно мнозинство и натаму е под знак прашалник. Партиите позатворени од било кога за да ги соопштат своите планови за коалиции.

СДСМ како партија со најмногу мандати не дава никаква информација со кого најпрво ќе седне официјално да преговара. Ова го покрева прашањето дали ДУИ е во прв план на социјалдемократите за коалиција. Интегративците не даваат одговор за плановите за тркалезната маса за преговори. Неофицијално се дознава дека првата средба Заев ќе ја одржи со лидерот на ДПА, Мендух Тачи но ова не го потврдува ниедна од страните.

„За секој напредок во разговорите ќе информираме“, истакна Зоран Заев.

Исто така, неофицијално се дознава дека после средбата со Тачи, Заев ќе седне да преговара со коалицијата АА-ААА меѓутоа тоа не го потврдуваат од оваа коалиција, туку сега за сега се единствени кои се отворени и јасни во однос на нивните ставови.

„Сметаме дека работите ќе се разјаснат по консултациите во Собранието и одредување на мандатарот. Меѓутоа ние нема да учествуваме на преговорите додека ДУИ не ја исцрпи единствената точка со која на предизборната кампања ги повика Албанците да ја поддржат – точката за премиер Албанец. Во спротивно ДУИ нема легитимитет да зборува за ниедно друго прашање“, посочи Скендер Реџепи.

По конституирањето на Собранието Уставот предвидува претседателот во рок од 10 дена да го додели мандатот за формирање влада, на партијата која има мнозинство. Мандатарот има рок од 20 дена да формира влада и доколку не успее во тоа тогаш мандатот го добива партијата која е втора по ред по бројот на мандати на изборите.