Успешна првата трансплантација на срце во земјава

НАШ ПРЕДЛОГ

Мицкоски: Чета на МВР дојде, како во центарот на градот да имаше терорист

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со коментар околу припадниците на МВР кои вчера дојдоа во Дебар Маало...

ВИДЕО: „Добро си поминав во кафана, исто како и претходно, сите ме прифаќаат“, рече Мицкоски

„Добро си поминав во кафана, исто како и претходно, сите ме поздравуваат“, рече Мицкоски во вечерашното гостување...

Мицкоски: Останав во Скопје, викендов ќе го минам карантински, работно

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е гостин во „КликПлус“ на ТВ21. Дебатираме на повеќе теми, а на...
- Реклама -

Првата трансплантација на срце што беше изведена ноќеска на Клиниката за државна кардиохирургија е успешна, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

– Трансплатацијата успешна!  Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги., напиша Филипче.

- Реклама -

Првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор, ја изврши тим од тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, воедно и национален координатор за трансплантација.

Информацијата за успешно извршената трансплантација е споделена и на ФБ на Универзитетската Клиника за државна кардиохирургија.

– Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !! Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата “Живот” ! Честитки Господа !!!, пишува на Фејсбук страницата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Добро си поминав во кафана, исто како и претходно, сите ме прифаќаат“, рече Мицкоски

„Добро си поминав во кафана, исто како и претходно, сите ме поздравуваат“, рече Мицкоски во вечерашното гостување на „КликПлус“ на ТВ21 откако...

Мицкоски: Останав во Скопје, викендов ќе го минам карантински, работно

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е гостин во „КликПлус“ на ТВ21. Дебатираме на повеќе теми, а на прашањето дали планира да замине...

Желино се жали поради полицискиот час, Сејдиу: Во последните 10 дена, немаме ниту еден случај на Ковид-19

Желино се жали - зошто во општината е воведен полициски час, кога нема зголемување на бројот на заразени? Градоначалникот, Блерим Сејдиу, вели...

Жителите од Чегране чекаат спортско игралиште, наместо да почнат да градат, Гостивар и АМС со меѓусебни обвинувања

Жителите на Чегране се уште ја чекаат реконструкцијата на нивното спортско игралиште иако на 8 ноември претставници на општина Гостивар, заедно со...