Уште 20 дена до учебната година – сѐ уште нема одлука како ќе се одвива наставата

НАШ ПРЕДЛОГ

Адеми: Проблеми со платформата за учење имаше и во други земји

Поранешниот министер за образование, Арбр Адеми беше гостин во „10МИНУТИ“ на ТВ21. Тој покрај учебната година, кажа...

Зошто образовниот процес доцнеше 1 месец? Одговара Адеми во „10 минути“

Во „10 МИНУТИ“ на ТВ21, гостин беше екс министерот за образование, Арбр Адеми.

Кога на кафе во Приштина без ПЦР тест?! Поделеност меѓу владините министри за отворање на границите

„Граѓаните постојано бараат да се отворат границите, а политичарите дебатираат, некои сметаат дека се уште е рано,...
-Реклама-

Уште 20 дена до 1 септември, првиот училиштен ден од учебната 2020/21, а МОН се уште не донело одлука на кој начин ќе се одвива наставата. Универзитетскиот професор Башким Зибери оценува дека е доцна МОН да организира успешна учебна година.

„Дефинитивно од моја гледна точка многу доцниме, од многу аспекти реално. Не само од аспект на организација на наставниот процес во основните училишта, средните и универзитетите, туку и за претходна подготовка за успешна школска година“, истакна Башким Зибери.

- Реклама -

Професорот рече дека нема можност наставниот план и другите процеси да се прилагодат за 3 недели.

„Ние за две три недели да се канализираме во успешен наставен процес не е можно, имајќи предвид дека треба да се направат нови наставни планови, обуки на наставници, имајќи предвид дека треба да се направат сосема други распореди во однос на наставата“, додаде Башким Зибери.

- Реклама -

За опцијата учениците да се поделат во смени, Зибери вели дека е неефикасна, имајќи предвид дека многу училишта имаат само две смени и недостиг на кадар за реализација на 4 смени.

„Многу лесно општина Аеродром може да организира настава во смени, бидејќи имаат една смена. А во албанските зони во Скопје, Тетово, каде голем дел речиси сите основни училишта како и средни имаат две смени, тешко е сега да ги организираш повторно во смени. Бидејќи со едно училиште кое има две смени со по 30 уленици во паралелка треба да се организираат 4 смени во денот, со 20 минутен час, само сериска ротација на учениците. Тоа нема да биде воопшто ефикасно, ќе биде главен елемент за ширење на вирусот, верувајте“, порача Башким Зибери.

- Реклама -

Инаку професорот Зибери вели дека наставниците не се подготвени, оценувајќи дека некои од нив не знаат ниту да ја отворат платформата за предавање, а некои ученици но и наставници немаат финансиски услови за интернет. Тој наброи неколку предизвици на онлајн наставата, но и на одењето на училиште за кои оцени дека ниту институциите, ниту наставниците не се подготвени. Тој рече дека најдобра форма за одвивање на наставниот процес  е комбинираниот модел. Инаку, денеска беше последен рок за усвојување на протоколите за училиштата, меѓутоа од Министерството за здравство информираа дека протоколите од Комисијата за заразни болести ќе се дефинираат утре.

ВЕСТИ ВО 19:30

#21LiveNews

#21LiveNews 19:30 Вести на македонски јазик | 01.10.2020

Posted by TV21 on Thursday, October 1, 2020

Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина, сакаат да одат во училиштата

Дел од средношколците од повеќе средни училишта од наставата по албански јазик се собраа пред гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово околу 13.30...

Ерменија: Соборени три авиони и еден хеликоптер на Азербејџан

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека денеска војската во Нагорно Карабах соборила еден азербејџански авион и еден хеликоптер. Набргу после тоа,...

Од денес е во продажба инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“

Од денес e во продажба  инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ - првиот лоз на Државна лотарија што нуди 5 (пет) стана во...

Во општина Гостивар сите училишта започна со работа, на прв час 660 првачиња

На почетокот на новата учебна година 2020/21 година во училишните клупи во десетте основни училишта и нивните подрачни единици во општина Гостивар...

Започна учебната 2020/2021 година

Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19....