Чулев го приложи документот од Управниот суд: Владата незаконски ги поништила моите одлуки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Управниот Суд на седница одржана на ден 07.05.2020 година донесе пресуда со која Тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано од Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, се усвојува, додека Одлуката на Влада со која се поништуваат решенија за распоредување на работно место се поништува.

Тужбата на Министерот Чулев се однесува на одлука на Владата донесена на почетокот на февруари, а со која беа поништени вкупно 88 решенија за распоредување донесени од страна на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Со вака донесената пресуда од страна на Управниот суд се потврдува дека предметните решенија за распоредување донесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев  биле  законски и истите биле донесени донесени врз основа на законски утврденото право на министерот пропишано во Законот за изменување и дополнување на законот за влада а притоа во целост се применети законските одредби кои ја регулираат предметната материја пропишни во Законот за внатрешни работи, Колективниот договор и сите подзаконски акти. Додека пак донесената Пресуда од Управниот суд потврдува дека Владата на  при носење на оспорената одлука истата ја донела како резултат на погрешна примена на материјалното право.

Министерот Чулев ова го откри во средата на гостувањето на ТВ21 во емисијата „10МИНУТИ“ кога рече дека Управниот суд донел одлука дека Владата незаконски ги поништила неговите решенија.