Управен суд ги одби тужбите и од ВМРО-ДПМНЕ, Демократи и Единствена Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Управниот суд ги одби денеска и последните четири тужби од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Демократи и Единствена Македонија. Со тоа Управен ги одби сите тужби поднесени од партиите, а кои се однедуваат по одбивањето на приговорите од страна на ДИК за изборите кои се одржаа на 15. јули.

„Сите тужби и денеска се одбиени. Беа две од ВМРО-ДПМНЕ, и по една од Демократи и Единствена Македонија“, велат од Управен суд.

Сега следува ДИК и официјално да ги потврди резултатите на изборите.