ТВ21 еден ден во „Зеф Љуш Марку“: Едукативни часови, како учениците да се заштитат од коронавирус

НАШ ПРЕДЛОГ

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек...

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е...

Заев утре го добива мандатот за Влада – Претседателот одлучува и наспроти правните дилеми

Претседателот Стево Пендаровски извести дека утре ќе му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев...

Часот е 6:30, а хигиеничарките веќе почнаа со нивната работа во Гимназијата „Зеф Љуш Марку“. Откако влезе во училницата ги спушти ролетните, ги нареди столчињата и почна да чисти со средство за дезинфекција. На ист начин ја исчисти и оваа училница, каде првиот час требаше да го одржат матурантите. По распоред требаше да имаат математика, но денеска ќе одржат едукативен час на тема „Како да се заштитиме од коронавирусот?“

- Реклама -

-Знаејќи дека денешниот ден го почнувате со час по математика, денеска имаме една измена – часот по математика ќе го надополните некој друг ден. Јас дојдов првиот час,бидејќи ќе имаме превентивен час за коронавирусот кој се шири низ светот-вели репортерот на ТВ21.

- Реклама -

Часот го одржа стручното лице, Ајше Беќири. Целта беше учениците да се запознаат со коронавирусот и да станат свесни за важноста на личната хигиена како превентивна мерка.

- Реклама -

-Нашата цел е да ја кренеме свеста кај нацијата, особено кај адолесцентите тука во училиштето. Да ја кренеме свеста околу тоа како треба да одржуваат лична хигиена и да имаат повеќе познавања за коронавирусот, со цел спречување на вирусот.

Но, како што се чини, учениците веќе имаа основни информации околу термините како што се: превентива, епидемија и коронавирус.

-Превенција значи спречување. Учевме на неколку предавања за ова, како на пример на часовите по биологија.

-За коронавирусот слушнавме од разни медиуми, на вестите, а најчестиот термин кој го употребуваат беше епидемија.

Но, повторно слушаа сконцентрирани и со целосно внимание. На крајот од предавањето, еден од учениците повтори – како да се заштитиме од коронавирусот.

-За да се спречи коронавирусот мислам дека личната хигиена треба да биде на високо ниво, почнувајќи од честото миење на рацете, да немаме многу контакт со лицата кои имаат над 50 години и имаат некоја акутна болест, како и контактот со животните да биде сведен на минимум.

Ученикот рече – почесто миење раце. Но, дали има доволно средства за хигиена во училиштата? Велат дека во „Зеф Љуш Марку“ нема таков проблем, но во другите училишта, како што дознале од нивните пријатели, има недостаток не само на сапун, туку и на елементарни услови.

-Обезбедија разни средства, како сапуни и дезинфектори, меѓутоа, од разговори со другари и другарки од другите училишта, дознавме дека немаат ниту чешма, а да не зборуваме за сапуни и други средства. 

ТВ21 го посети и училиштето „Арсени Јовков“. Таму има сапун, а за да ги едуцираат учениците лепат листови со насоки на врати. ТВ21 дознава дека нема сапун во сите училишта. Најголем проблем има во основните и перифериските училишта. Со овој проблем е запознаен и министерот за образование и наука, Арбр Адеми. Како што вели, училиштата имаат доволно средства за одржување на хигиената и не ја исклучува можноста да бидат ангажирани и инспектори.

Алармот за недостаток на хигиенски средства се вклучи кога во Македонија беше регистриран голем број на заболени од сезонски грип.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

Заев утре го добива мандатот за Влада – Претседателот одлучува и наспроти правните дилеми

Претседателот Стево Пендаровски извести дека утре ќе му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање влада.

Опрема во вредност од 115 илјади евра – кревети, амбулантни возила и медицинска опрема за кичевската болница

Над 80 легла, амбулантни возила, респиратори и друга медицинска опрема за кичевската болница донираше Хуманитарната организација „Класје на добрината“.

Заев и Гаши попладнево одржуваат средба

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши попладнево одржуваат средба во хотелот Белви на излезот од Скопје.