Заев ги прифатил двете барања на Беса

Двете барања на Беса кои беа кочница за продолжување на седицата за уставни промени се веќе прифатени од страна на Заев, дознава ТВ21.

Седницата за уставни промени која веќе трет ден се одложува поради немањето 2/3 мнозинство, се очекува денеска во попладневните часови да продолжи. Како што дознава ТВ21, седницата треба да продолжи и да биде завршена во текот на вечерните часови.

Предлог амандманот на Беса на Касами е „За граѓаните од Албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи “македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи “eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia”.

Од Беса за ТВ21 велат дека е постигнат договор и по долгите преговори, Заев ги прифатил нивните барања. Со двата гласа ЗА на Беса, Заев го има потребното 2/3 мнозинство во Собранието.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!