Црногорската амбасадорка го прекршила протоколот за облекување на состанокот со вицепремиерот Груби

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорката на Црна Гора во земјава, Марија Петровиќ.

Петровиќ на состанокот носела сандали, со што не биле запазени протоколите за облека.

Лукреција Маљковиќ-Атанасовска, основач и директор на Академијата за протокол на Македонија, вели дека сандалите не се дозволени според официјалниот протокол.

„Официјалниот код не дозволува отворени сандали“, вели Маљковиќ-Атанасовска.