Црна Гора ги затвора угостителските објекти во уште пет градови

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Угостителските објекти во Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак од понеделник ќе бидат затворени поради влошената епидемиолошка состојба во тие општини, објави Црногорскиот институт за јавно здравје во Подгорица.

Стапката на заразување со коронавирусот во тие општини е над 800 на 100.000 жители, со што автоматски преминуваат во групата општини во кои од понеделник ќе се применуваат построги антиепидемиски мерки кои ќе траат 14 дена.

Според новите правила, забрането е собирање во станбени згради на лица кои не се членови на заедничко семејно домаќинство, пренесува „Вијести“.

Институтот не соопшти дали и училиштата во споменатите општини ќе бидат затворени од понеделник, но според досегашните мерки, за училиштата во општините каде кумулативната инциденца надминува 800 на 100 илјади жители, се планира премин кон онлајн учење.

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе ја смени траекторијата, бидејќи тој...

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро во регионите кои се најповеќе...