НАЈНОВА ВЕСТ

101 новозаразени, 4 лица починаа од коронавирус – биланс за последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7,...

Црквите во Грција од денеска отворени за литургии за верниците

НАШ ПРЕДЛОГ

Куќата на Хитлер ќе биде пренаменета во полициска станица

Куќата каде што е роден нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, во Браунау, западна Австрија, ќе биде пренаменета во...

Полициски службеници синоќа правеле забава во кратовското село Куклица

Без почитување на препораките и мерки за заштита од КОВИД-19 синоќа полициски службеници правеле забава во кратовското...

Закани за бомби во трговски центри и училишта во Санкт Петербург

Неколку трговски центри и училишта во рускиот град Санкт Петербург добија закани со бомби, изјави неименуван полициски...

Πод посебни правила и прописи, црквите во Грција, денеска ги отвораат вратите за литургии со присуство на верници, што воедно ќе биде и вториот тест за Грците, по отворањето на плажите, во однос на почитувањето на мерките и индивидуалната одговорност на секој граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е да има контролирано влегување, да се држи растојание од еден и пол метар, а на влезовите задолжително е да има антисептик.

- Реклама -

Дозволениот број на верници во внатрешноста е во зависност од големината на црквата, односно едно лице на десет метри квадратни.

Доколку црквата е над 500 метри квадратни дозволени се 50 лица.

Во случај бројот на верници да е поголем од дозволениот во секоја црква, останатите ќе треба да чекаат во дворот.

Според циркуларното писмо испратено од Светиот синод до сите грчки цркви, се препорачува верниците да носат маска, „која секако ќе ја тргнат пред причестувањето“, а на верниците кои припаѓаат на ранливите групи граѓани им се препорачува да избегнуваат излегување од дома.

Со укинување на забраната за движење на граѓаните, од 4 мај годинава, црквите и останатите религиозни објекти во Грција, беа отворени, но само за индивидуални молитви.

Освен литургиите, од денеска дозволени се и религиозни обреди како што се венчавки, крштевања, погреби, а се отвораат и останатите религиозни објекти во земјата.

Конкретните правила, согласно министерска одлука, потпишана од надлежните министри ќе биде во сила до 5 јуни. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полициски службеници синоќа правеле забава во кратовското село Куклица

Без почитување на препораките и мерки за заштита од КОВИД-19 синоќа полициски службеници правеле забава во кратовското село Куклица.

Закани за бомби во трговски центри и училишта во Санкт Петербург

Неколку трговски центри и училишта во рускиот град Санкт Петербург добија закани со бомби, изјави неименуван полициски извор. –...

Османи: Вонредната состојба да се искористи за максимален фокус врз здравственото прашање, но и за комуникација меѓу партиите

 Овие две недели треба да се искористат за максимален фокус на здравственото прашање, како и за комуникација меѓу политичките партии, за да...

Затворена уште една конфекција во Штип поради вработен позитивен на коронавирус

По состанокот со кризниот штаб, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски напомена дека од денеска 336 граѓани се во изолација што е најголема...