Ципрас: Неуспехот на Преспанскиот договор, води до “Голема Албанија”

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во интервју за домашните медиуми изјави дека неуспехот на Преспанскиот договор и распаѓањето на Македонија е опасност за формирање на Голема Албанија, пренесува ТВ21.

На Грција не и е од интерес дестабилизација на нејзината северна граница. На Грција не и е од интерес распаѓање на Македонија и можноста за Голема Албанија со нашите граници, рече тој.

“Веднаш откако ќе биде изгласан во Собранието на РМ, Преспанскиот договор ќе го донесеме во нашиот парламент, секако, во јануари“, вели Ципрас.

На прашањето за можно одбивање на Договорот , од “Независни Грци” на Панос Каменос, премиерот Ципрас рече дека во тој случај ќе побара поддршка од Парламентот, пренесува ТВ21.

Историскиот договор меѓу Атина и Скопје потпишан во Преспа во јуни, се очекува да биде ратификуван до 15 јануари во Собранието на Македонија.