Царовска: Пристапот до квалитетно образование е најдобра превенција од сиромаштијата

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

Пристапот до квалитетно образование е најдобрата превенција од сиромаштијата, затоа како министерка ја продолжувам мојата силна заложба за искоренување на сиромаштијата и подобрување на условите за учење во државата. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќањето по повод одбележувањето на 17 октомври -Меѓународниот ден за борба против сиромаштија.

-Немањето пристап до добро образование е директно поврзано со сиромаштијата. Наш врвен приоритет е да обезбедиме еднаков пристап до учење на сите деца и да го подобриме квалитетот на целиот образовен процес преку низа реформи. Со ова директно ќе ги подобриме шансите за развој, вклучување во општеството на секое дете и негово вработување по завршувањето на образованието, рече Царовска.

Годинешниот Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата се одбележува во исклучителни услови. Светската пандемија дополнително го истакна социјалниот јаз во земјите и потребата да вложуваме во образованието за да ја намалиме сиромаштијата.

-МОН ги повикува сите партнери да продолжиме да работиме неуморно за да ги совладаме сите предизвици. Да ги исправиме сите неправди и да овозможиме еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете. Пред нас е многу работа и многу реформи кои мора да ги спроведеме час поскоро. Пандемијата ни го отежнува секојдневниот живот и работењето, но ни помогна во неколку работи. Да ја забрзаме дигитализација, да ги забрзаме реформите и да го раздвижиме целиот образовен систем, рече Царовска во обраќањето.

Министерката Царовска по повод 17 октомври минатата недела го посети ОУ „Панајот Гиновски“ во Општина Бутел кадешто со првачињата читаа сликовници со едукативни содржини и разговараа за тоа колку учењето е важно.

Од сабота – две третини од Французите во карантин

Повеќе од две третини од Французите ќе мора да остануваат во своите домови навечер, почнувајќи од сабота, кога ќе биде воведен т.н....

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот рекорд е вина на Комисијата; СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведува во опасност здравјето на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во нова „пресметка“ со соопштенија по најновиот број на заразени со Ковид-19 регистрирани во текот на вчерашниот ден во...

Љубчо Георгиевски во Софија се сретна со Захариева

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски денеска остварил средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла

Претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од...

Заев: Нашиот пат кон ЕУ нема алтернатива, очекуваме многу скоро да ги направиме првите следни чекори

Во разговорите со европските членици изразивме надеж дека подготвеноста на Северна Македонија ќе се формализира и со усвојување на рамката за преговори...