Царовска: Ќе има санкции за компаниите кои не ги исплатиле вработените, а земале државна помош

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Казни за компаниите кои не ги исплатиле вработените, а земале државна помош по повод пандемијата од Ковид-19, најави вицепремиерката за економски прашања.

„Ова е голем пропуст кој што е направен и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов Генералниот секретаријат на Владата ги разгледува правните можности, се покренуваат сите елементи коишто се можни“, вели Царовска.

Вчера Владата објави листа на компании кои земаат помош од државата, а не ја даваат на своите вработени.