Третирање на отпад – институциите повикуваат на совесност

Да ја исчистиме државата од дивите депонии и да не фрламе отпад таму каде што не е дозволено. За оваа тема денеска градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и директорот на ЈП Комунална Хигиена, Абдусамет Шабани реализираа едукативно-информативна кампања за подигање на свеста на граѓаните на општина Чаир. Директорот на ЈП Комунална хигиена, потврди дека акцијата за чистење се спроведува на праг на празникот и дека се опфатени  најкритичните точки на територијата на Чаир.

Главната цел е да упатием апел до граѓаните  особено за црните точки, да бидат повнимателни во третирањето и фрлањето отпад од домовите. Апелот ќе продолжи и следниве денови. Сакаме овие населби низ кои ќе поминеме денеска да останат неколку дена чисти а одржувањето не е само наша обврска како претпријатие туку е обврска на сите граѓани кои живеат овде.

Првиот човек на Чаир, Висар Ганиу рече дека Општината со која тој управува освен тесната соработка со ЈП Комунална Хигиена, формирала и сопствена единица за чистење на улиците.

„Како општина формиравме единица за чистење која ги опфаќа секундарните улици, тие улици кои се под надлежност на општина Чаир. Сакам да истакнам дека постојано работиме и на подигање на свеста кај граѓаните во овој аспект да бидат повнимателни. Оваа година од наш буџет издвоивме средства за невладините организации. Многу од организациите доставија разни проекти со кои ќе влеат низ училиштата за едукација на учениците за да го фрлаат отпадот на потребното место“, изјави Висар Ганиу – градоначалник на општина Чаир.

Директорот на ЈП Комунална Хигиена призна дека претпријатието се соочува со многу тешкотии во третирањето на отпадот и рече дека во соработка со инспекторатот, само во 2018 година се пуштени над 1500 едукативни записници. На праг на празникот Бајрам, “Комунална Хигиена“ од раните утрински часови ги чистеше и верските објекти.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ