Трајковски го напушти МЗТ Скопје

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Трајковски го напушти вицешампионот МЗТ Скопје и премина во Пакс.
Од унгарскиот тим соопштија дека потпишале едногодишен договор со Трајковски.
Минатата сезона во дресот на тимот од Аеродром, ценатарот имаше просек од 13,1 поени, 5,4 скока, за нешто над 22 минути поминати на теренот.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!