Трагедија во Банско – двајца туристи загинаа во снежна лавина

Трагедија утрово во познатиот ски центар Банско во соседна Бугарија. Снежна лавина одзела два животи, едниот сноубордист загинал на лице место, додека другиот бил извлечен од затрупаниот снег, по што им подлегнал на повредите.

Како што јавуваат бугарските медиуми, лавината се случила денеска околу 12 часот, а претхнодно веќе имало издадено предупредување за можна лавина.

Според првичните неофицијални инфромации, загинатите туристи се грчки државјани.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!